| четврток, 6 декември 2018 |

Најлуксузниот брод за крстосување – спектакуларната „Кралска принцеза“ (ФОТО)

Royal Princess

Спектакуларниот брод за крстосување, кој денеска ќе биде лансиран, навистина го залужи своето име. Долг 330 метри, а во нив има сѐ што душа ќе ви посака.

brod 1 brod 15 brod 14

 

1780 луксузни соби, целосно опремена соба за игри, казино, спа-центар, 10 ресторани, од кои еден со специјалитети само од јастог, огромен стаклен под низ кој може да гледате во морето, како и сопствено ТВ-студио.

brod 11 brod 5 brod 10

Шишето со шампањ од бродот денес ќе го скрши војвотката од Кембриџ, принцезата Кејт, а тој неговото прво патување го почнува од Саутемтон и продолжува преку Малага и Лисабон до првата дестинација – Барселона. По краткото крстарење низ Медитеранот, „Кралската принцеза“ заминува преку Атлантикот до Карибите.

brod 13 brod 4 brod 7

Дванаесетдневното крстосување до Барселона и околу Медитеранот чини 1.770 евра, додека пак целата тура од 30 дена чини 3.100 евра. Денес на првото крстарење заминуваат 3.600 среќници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top