-Ќе изградиме две нови градинки во општина Ѓорче Петров, а постоечките ќе ги реновираме за да ги зголемиме капацитетите- најави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината, Владо Мисајловски.
Пред голем број на граѓани, Мисајловски вчера потенцира дека ќе изврши реконструкција на неколку основни училишта и ќе бидат изградени нови спортски сали и ќе се обезбеди бесплатен интернет за сите ученици.
-За подигнување на спортот на едно големо повисоко ниво, во секое маало во Ѓорче Петров, во Хром, во Мирче Ацев, во Дексион, во Даме Груев, во Ново Село, во Стопански двор, во Кисела јабука, во Волково, во Орман, насекаде. Ќе изградиме детски игралишта, игралишта за баскет. Во сите овие населени места ќе се изградат и паркови за рекреација на сите жители, од најмалите па се до возрасните, истакна Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија