Овие луѓе дојдени во голем број, дојдени со енергија и оптимизам јасно зборува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во Ѓорче Петров, оваа слика ретко се гледа на почеток на кампањата, истакна актуелниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски вечерва од Ѓорче Петров.
-Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива и понатаму, во општината ќе дојде „Нова Ера“ на развој со оваа листа на кандидати и советници, Ѓорче Петров не е заборавена слика на градот Скопје, општината е ликот на градот Скопје и тоа е западниот влез на градот. Во изминатиот период макотрпно работевме за да изградиме три кружни тека, асфалтиравме улици и направивме многу работи во интерес на граѓаните, но сето тоа не е доволно и треба да продолжиме понатака со новиот градоначалник Владо Мисајловски, потенцираше Трајановски.
Тој додаде дека жителите ќе имаат градоначалник кој што е млад, но искусен и поранешен министер за транспорт и врски еден од најтешките ресори во Владата на Република Македонија.
-Тој е роден во Ѓорче Петров и живее во руралниот дел на општината во Стопанки Двор и тој не се срами да каже дека живее во ова населено место, тој е еден од ретките луѓе кои живее во рурална средина и затоа не се сомневам во неговите проекти. Заедно ќе ги реализираме и проектите од мојата програма наменета за градот Скопје, тоа се реконструкции на улиците Ѓорче Петров, Даме Груев, Волковска, уште еден кружен тек, вода за високата зона и многу други проекти кои што со Кендо ќе ги завршиме за доброто и во интерес на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија