| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува фестивалот на кафе во Скопје

„Скопје мириса на кафе“ е мотото на второт издание на кафе фестивалот, кој почнува денеска, а ќе трае до 16 јуни, во кафе-бар АБЦ. Идејата на овој фестивал е на едно место да се соберат сите тие на кои кафето им претставува задоволство (производителите и дистрибутерите на кафе и опрема како и на крајните уживатели).

Во четирите фестивалски дена покрај штандовите на изложувачите на кафе и на чај, посетителите ќе можат да бидат дел од фестивалската сцена, која ќе биде центар за забава и едукација, преку презентации на нови производи, до натпревари на бармени, дегустации, забави по работа, работилници наменети за најмладите, музичка програма. Не можеме да го избегнеме и тематско претпладне наречено Старо Скопје – наменето за тие што го паметат „она“ Скопје, ритуалот кафе во тоа време и друштвените игри.

Во рамките на првиот фестивалски ден ќе се одржи второто Државно првенство на бармени на Македонија, во организација на Здружението на бармени на Македонија и „Кафе академи“ (Coffee Academy).

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и изложба на фотографиите од наградниот конкурс „Кафе мафе”. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени  со курсеви по фотографија, награди од „Купи слика“ како и ваучери за фестивалот на кафе.

– Фразата „Скопје мириса на кафе“ означува повик на дружење и начин со некој близок да поминете дел од своето слободно време. Истражувањата покажуваат дека Македонците, навистина, уживаат да пијат кафе, тие го идентификуваат ритуалот на пиење кафе со дружењето, блискоста и уживањето. Токму поради тоа решивме дека овој настан ќе му го подариме вторпат на градот – изјави Валентина Гаџовска, организаторката на манифестацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top