Фестивалот на кафето е настан што го слави мирисот на кафе во нашиот град. Оваа манифестација има промотивен, деловен, едукативен и забавен карактер. Оваа година ќе се одржи по вторпат, од 13 до 16 јуни во кафе-бар „АБЦ“.
– Идејата на овој фестивал е на едно место да се соберат сите тие на кои кафето им е на прво место: од производители и дистрибутери на кафе и на опрема, па сѐ до финалните уживатели на кафето – велат организаторите.
Покрај штандовите на изложувачите на кафе и на чај и другите содржини, фестивалската сцена ќе биде центар за забава и за едукација, од презентации на нови производи, до натпревари на бармени, дегустации и музичка програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.