| четврток, 6 декември 2018 |

Маж и жена од Русија осомничени дека убиле и изеле 30 луѓе

 Маж (35) и неговата сопруга од градот Краснодар се осомничени дека убиле 30-ина луѓе во последните 18 години и притоа изеле делови од нивни тела. Полицијата досега успеала да идентификува седум жртви.

Ова е еден од најужасните случаи на канибализам во Русија. Во телефонот на главниот осомничен се пронајдени фотографии од распарчени тела.

Злосторствата биле откриени кога мобилен телефон бил пронајден на улица во Краснодар во почетокот на овој месец, а во него имало и фотографии од маж како позира покрај распарчено женско тело. Делови од лешот биле пронајдени во ќеса во близина наредниот ден.

Полицијата потврди дека мажот досега признал само две убиства: на жената од телефонот и на уште едно лице од 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top