Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина ќе станат родители за прв пат, иако за фудбалерот ова ќе биде четврто дете.
23-годишниот модел ужива во бременоста, а сега го знаеме и полот на бебето.
Информацијата беше објавена случајно на Инстаграм од страна на нејзините тренери по салса.
Георгина објави фотогрфија од нејзината прва лекција по танцување, со која им се заблагодараи на тренерите за одличниот час.
Тие и возвратија на фотографијата со коментар во кој случајно го открија полот на детето.
-Беше задоволство да ти држиме часови по салса. Малечкото девојче кое го носиш во тебе ќе биде одлична танчерка, стои во коментарот.
И официјално, Роналдо и Георигина чекаат девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.