| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски најавува нови градинки, асфалтирани улици, најмодерен парк во Ѓорче Петров

Многу проекти за општина Ѓорче Петров најавува Владо Мисајловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина.

-Ќе гледаме да бидеме присутни насекаде, во секое маало, на секоја улица. Сакаме да презентираме многу проекти што ќе ги има во програмата за кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров. Тоа ќе биде мојата програма која ја направив за сите граѓани, токму тука. Позади мене е паркот во Ѓорче Петров, овде ќе има еден модерен и убав парк. Ќе го направиме најубав парк во градот Скопје. Ќе има многу нови улици, преку 100 нови улици за асфалтирање во Ѓорче Петров. Две нови градинки ќе направиме во Ѓорче Петров. Многу водоводи и канализации насекаде, особено во руралниот дел, истакна Мисајловски.

Тој потенцира дека ќе работи на тоа во секое маало да има нови паркчиња и игралишта, нови детски катчиња.

-Заедно сите, со многу работа, ќе го направиме Ѓорче Петров најдобра општина во градот Скопје. Ве очекувам сите да ни се придружите, да имаме една одлична и позитивна енергија, една позитивна кампања и Ѓорче да победи, им порача Мисајловски на своите сограѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top