| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти: Од ПСЖ си заминав заради сопственикот на клубот

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти за германските медиуми говорел на времето кога беше предводник на Пари Сен Жермен. Тој изјавил дека многумина во клубот инсистирале да остане, но поради проблеми со сопственикот одлучил да си замине.

– Не бев коректен кон ПСЖ. Клубот инсистираше да ме задржи. Имавме проблеми. Тоа беше тежок момент во мојот однос со Насер Ал Келаифи, изјави италијанскиот стручњак.

Анчелоти додаде дека сега има коректна релација со катарскиот шеик кој е претседател и сопственик на ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top