За мене кандидатурата за градоначалник на општина Кисела Вода, воедно претставува голема чест но и голема одговорност. Тоа е всушност да си татко на повеќе од 60 000 жители. Засега успешно се снаоѓам како татко на три деца, но повеќе од сигурен сум и убеден дека исто така успешно и ќе ја водам општината, вели Јохан Тарчуловски, кандидат за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ за општина Кисела Вода за Курир.
– Имам визија и програма со која Кисела Вода ќе ја внесам во новата ера и од неа ќе направам една модерна и мултифункционална општина. Оваа општина една од најголемите на територијата на град Скопје. Воедно е една и од најстарите и најдиверзитетни општини. Таа е спој на старо со ново и урбано со рурално. Мојата визија и моја цел е модерна и мултифункционалона општина која ќе ги задоволи барањата на сите нејзини жители. Затоа и доста студиозно, макотрпно и со многу анализи се подготвуваше програмата за Општина Кисела Вода, вели Тарчуловски.
– Морам да кажам дека во изминатиот период е доста сработено, но има уште доста и да се доработи. Ќе продолжиме со подобрување и градење на инфаструктурата , подобрување на патната мрежа, санација, реконструкција на патиштата и улиците, нивно осветлување и сигнализација, проширување и подобрување на водоводната, атмосферската и канализационата мрежа како и поставување на подземни контејнери и изградба на монтажна катна гаража во насебата Расадник. Голем акцент ќе биде ставен на зазеленување на општината, изградба и хортикултурно уредување на новите и старите паркови. Опремување на истите со фитнес реквизити, шаховски и пинг понг маси и секако обавезните љуљашки,лизгалки и многу други интересни детски занимации. Ќе се изградат и неколку тениски терени , кошаркарски игралишта, игралишта за мал фудбал со вештачка трева, велосипедска и ролерска патека. Помеѓу зградите ќе никнат Мини детски игралишта со опрема за најмалите како и паркови и игралишта приспособени за децата со посебни потреби, дополнува кандидатот за градоначалник за Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.