| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска дожд, сабота и недела – сонце

vremeОд Управата за хидрометеоролошки работи и за денеска најавуваат изолирани појави на нестабилност и пороен дожд и грмежи во источниот дел на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 8 до 15, а максималната од 22 до 31 степен.

Во деновите на викендот нема да врне. В сабота нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност и со најниска температура од 8 до 16 степени, додека максималната ќе биде од 24 до 32 степени.

В недела ќе биде сончево и потопло со минимална температура од 9 до 17 и максимална од 25 до 33 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top