Денеска е потпишан Кодексот за фер и демократски избори, но според она како се однесува владејачката гарнитура во изминатиот период, Груевски не може да биде сигурен дека ќе одат на фер избори. Тој потсети дека во петокот вечерта, пред одржувањето на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во СРЦ „Борис Трајковски“, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше запрен од полицијата и му беше извршен вооружен претрес со пиштол вперен во главата. Кандидатот бил чекиран како терорист, а потоа полицијата му се извинувала дека наводно имала информации дека во возилото има терористи, дека е полно со оружје.
–Алфите имале наредба и да го легнат на земја и да го врзат, но во моментот увиделе дека станува збор за нешто друго, па на крајот поединци од алфите се извинувале. Очигледна е манерата да се заплашуваат нашите кандидати и со вакви чекори на полицијата. Полицијата е ставена во директна служба и не го ни кријат тоа дека и во текот на кампањата ќе ја ставаат.
За жал, вели Груевски иако СДСМ смета дека овие заплашувања имат ефект, тие не само што нема да имаат ефект, туку ќе има обратен ефект.
–Заплашувањето на СДСМ нема да имаат ефект. Тие секојдневно ни прават сопки преку заплашувања, и поднесување кривични пријави против нашите градоначалници. Секаде каде што гледаат дека убедливо губат, а губат според сите истражувања на јавното мислење во најголемиот дел на Македонија и секаде им бараат начин како да ги дисквалификуваат преку пуштање измислени кривични пријави. Како што ни правеа нам, на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, така сега им прават на градоначалниците и веруваат дека така ќе ги добијат изборите. Но, не треба да се потцени, затоа што тие се подготвени да одат на валкани игри, на уште посериозни закани во текот на кампањата, ВМРО-ДПМНЕ ќе има широко отворени очи, нашето членство, нашите активисти се подготвени и ние нема да им дозволиме на ваков начин да ја украдат нашата сигурна победа на 15 октомври – изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во вестите на Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски