| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се проверуваат вакциналните картони на децата-на удар Центар и Карпош!

Од утре скопскиот центар за јавно здравје и тимовите за имунизација ќе ги проверуваат вакциналните картони и ќе бараат деца кои не примиле МРП вакцина.Во прв план ќе им бидат општините Центар и Карпош каде најголем број родители одбиваат или го одложуваат вакцинирањето против морбили.
Оваа мерка доаѓа по регистрирањето на 5 случаи со мали сипаници кои се хоспитализирани на Инфективна и прогласување на епидемија во Гази Баба. Бидејќи заразените деца претходно биле на Детска клиника, епидемиолзи ги бараат болните кои тој ден биле во амбулантата за да проверат дали се под ризик од добивање на зараза. Исто така Комисијата за заразни болести препорача и  рестрикција на посетите во болниците како превентивна мерка од ширење на заболувањето. За да спречат епидемиски размери на морбили, овој период во сите градови треба да почне и ревакцинацијата кај проводделенците.
-Сите здравствени домови ќе дбијат известување да почнат со ревакцина кај децата на 6 годишна возраст и ако го одложиле за понатаму да го спровердат сега за да овие деца бидат заштитени од заразните морбили, вели Јованка Костовска од Комисија за заразни болести
 Епидемиолозите признаваат дека е најтешка мерка да ги убедат мајките и татковците дека децата мора да бидат заштитени со МРП. Но ги предупредија дека болеста е опасна и предизвикува сериозни компликации а во некои случаи има и фатален крај. Во Романија 33 деца починаа од морбили а илјадници заразени има и во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top