| четврток, 6 декември 2018 |

Европската Унија бара одговорност од противниците на вакцини

Здруженијата против вакцините не знаат што прават и не знаат што зборуваат изјави Витенис Андриукајтис, европскиот комесар за здравство.

Тој повика на „морална одговорност“ на противниците на вакцини и ги покани да ги посетат децата кои страдаат од детска парализа.

Според него, ваквите здруженија го враќаат човештвото со децении наназад, кога немаше вакцини.

– Земјите членки ја ратификуваа Конвенцијата за правата на детето и мора да обезбедат нивно почитување на највисоко ниво. Ако родителите на децата не го разбираат ова, владите се тие што ќе треба да ја преземат одговорноста за заштита на тие деца, истакна еврокомесарот Андриукајтис, кој е поранешен лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top