Гоца Тржан пред неколку години се разведе од Иван Маринковиќ, со кого во 2007 година ја доби ќерката Лена. Во почетокот поранешните партнери се препукуваа преку медиумите, но подоцна се повлекоа и Гоца никогаш повеќе не изусти збор за поранешниот сопруг. Се до сега.
Неодамна Гоца објави фотографија од Лена и сегашниот сопруг Раша, а она што ги погоди душегижниците е коментарот на пејачката под фотографијата „Да служи и да заштити. Ќерка. Татко. Љубов. Прошетка. Моите најубави мачиња“.
Овој коментар за нејзините следбеници на социјалните мрежи бил „срамота“, „се убаво, ама тој не ѝ е татко“ и така натаму.
На коментарите пејачката, секако, одговори.
„Мили мои, немам проблем со туѓото мислење и коментирање, само бидете попаметни и не оставајте коментари базирани на претпоставки, Зашто во најмала рака е непромислено да претпоставувате дека на моето дете нешто му енаметнато, особено кого да го вика тато. Никој овде не погребува жив татко, главно тие самите си го прават тоа со својот однос кон своето дете. Зашто, би сакала да ѝ објасните на другарка ми, чии родители се разведоа кога имаше пет години, да не го вика чичко Миша тато и дека има жив татко кого ништо не може да го замени. Жив татко кој ѝ се јавуваше еднаш годишно, а по неколку години и тоа заборави. Е тој ѝ татко, а не чичко Миша, кој ја одгледа, ја школуваше, ја криеше од мајка ѝ кога ќе направи беља, ја возеше на тренинзи, ја чекаше да го викне да ја земе од град, а сега ѝ ги чува децата како свои внуци. И не дај Боже некој да му каже дека не му е ќерка. Затоа, девојки, бидете паметни и внимателно бирајте го таткото на вашето дете. Но, ако погрешите, има надеж дека ќе најдете партнер кој ќе му биде татко на вашето дете. Зашто, татковците бираат колку навистина ќе бидат татковици, детето само чувстввуа љубов и не можете да му ускратите или да му наметнете некого. Идеално е ако детето има биолошки татко кој го сака и се грижи за него, но за жал не е секогаш така. Затоа, земете го најдоброто од секоја ситуација и занемерате ги туѓите „грижливи“ коментари“, објаснува Гоца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој ја расплака Гоца Тржан? (видео)
-
Гоца Тржан неутешна: Како да се збогувам со некој што не можам да го пуштам?
-
Не можела да остане трудна по природен пат: Гоца отишла на вештачко оплодување, но и тоа не успеа
-
Гоца Тржан со бизарна новогодишна честитка: 2017 ја испраќам со удрен автомобил зашто на автопат удрив кутро куче!