| четврток, 6 декември 2018 |

Шекил О’Нил губи во слободни фрлања од двегодишно дете

Малиот Титус од Канзас сеуште нема наполнето ни две години без поголеми проблеми погодува од сите позиции, на разни начини и од различни височини. Сепак, никој од неговото семејство не ни претпоставувал дека уште како бебе ќе го победи легендарниот Шекил О’Нил во натпревар на шутирање слободни фрлања.

Деновиве Шек и Титус си ги одмерија силите во шоуто на Џими Кимел детенцето од Канзас за 30 секунди погоди осум шутеви, додека Шек шутираше во свој стил, поточно не успеа да реализира ниту еднаш.

httpv://www.youtube.com/watch?v=xT5qePw6cKI

За оние кои што ги пропуштиле мајсториите на малиот Американец, еве го уште еднаш, веќе легендарниот видео-клип:

httpv://www.youtube.com/watch?v=qmMbm78sEB4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top