| четврток, 6 декември 2018 |

Алаѓозовски во Кина, националните проекти заборавени

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски додека е во посета на Република Кина, дома му истекува рокот за конкурсот за финансирање проекти од национален интерес. Тој по којзнае кој пат покажа основно непознавање на законите и законските процедури согласно кои се објавуваат резултати од годишниот Конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата, пишува порталот „Денешен“.

Имено, министерството за култура во септември секоја тековна година за наредната година објавува годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес. Конкурсот е за проекти од областите: издавачка дејност, драмска дејност, фолклор и музичко – сценска дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн, заштита на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство, европски интеграции и меѓународна дејност.

Заинтересираните за конкурсот, проектите да им бидат финансиски поддржани од министерството за култура се вчудоневидени. Тие веќе еден месец ги чекаат апликациите да се појават на веб страницата на министерството. Но, ни трага од конкурсот. Апликантите прашуваат дали министерот е запознаен со членот 62 од Законот за Конкурсот за финансирање на национални проекти во кој што постои рок за доставување на пријавите, како и услови за учество на конкурсот, критериуми и мерила врз чија основа се врши оцена на проектот, процент на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите, и други информации.

Право на учество на Конкурсот имаат правни лица – установи од културата (локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, како и физички лица. Тие треба да пополнат пријава за соодветната област, кои што се преземаат од веб – локацијата на министерството за култура на која секоја година треба да се објави конкурсот со информации за право на учество и за начинот на аплицирање. Бројот на поддржани проекти на Конкурсот и паричните износи што ќе им се доделат ќе бидат утврдени согласно со буџетот на министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top