| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил се преврте на автопатот Скопје – Тетово, три лица повредени (Фото)

Три лица се полесно повредени откако автомобил „Голф“ со тетовски регистерки ознаки се преврте на автопатот Скопје-Тетово, после наплатната рампа Глумово, потврдуваат од МВР за Курир.

Несреќата се случила околу 11:15 часот. Според полициските информации, со возилото управувал 27 годишниот Б.И., а сопатници биле Е.М. (23) и Р.И. (29).

Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во тетовската болница каде им се констатирани телесни повреди. Возачот и сопатникот Р.И. се задржани во болница, додека Е.М. по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

(Фото – Ѕид на сообраќајниот срам)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top