Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Неготино кај местото Црвени Брегови.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Аникта Стојковска сообраќајката се случила вчера во 7.10 часот во која патнички автомобил марка БМВ со босански регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на Србија, излетал од патот и се превртел.
Во несреќата со повреди се здобиле две лица, кои биле сопатници во возилото, на возраст од 48 и 22 години.
Увид на самото место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.