Најталентираниот италијански голман, Џанлуиџи Донаруми, летово мина низ тежок период откако одби да потпише нов договор со Милан и објави дека ќе го напушти клубот. Сепак на крајот тој остана кај „росонерите“ и го продолжи договорот, а неодамна во едно интервју добил прашање за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата во иднина.
– Останав зошто Милан е мојот дом и мислам дека тоа е исправна работа, – рече Џиџо кој одговори и за тоа дали некогаш би се преселил во Интер.
– Никогаш, – со тоа што веднаш потоа бил споменат и Јувентус.
– Не, следната сезона ќе бидам во Милан, имам уште четири години од договорот – порачал репрезентативецот на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим