| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Зоран Милосављевиќ, човекот што ги изведе „Само ти“, „Скопје граду мој“…

Пред неколку дена нѐ напушти познатиот пејач Зоран Милосављевиќ. Почина во Скопје, во 79-та година од животот.

Цел работен век Зоран  работеше како камерман во Македонската телевизија, а подоцна  беше и директор на Продукцијата на МРТ.
Зоран Милосављевиќ  на Скопскиот фестивал, во 1971 година со песната „Само ти“ на Александар Џамбазов ја освои првата награда. Зад себе остави многу евергрини, меѓу кои се и: „Роза сина“ на Димитар Масевски, „Те барам сега љубена“ на Славе Димитров, „Скопје градот мој“ …
Зоран замина физички од овој свет неговите песни ни останаа во наследство. Тие одамна се евергрини и со задоволство ќе ги слушаат и пеат генерациите по нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top