| четврток, 6 декември 2018 |

„Ноќните волци“ роденденот ќе го слават во Кавадарци

nocni volci

Мото клубот Ноќни волци по повод роденденот на клубот утре ќе викендуваат во Кавадарци каде ќе им се поклонат на 12-те стрелани ваташки младинци и 100 годишнината од Ваташкото востание. Викендот е планиран во духот на патриотизмот, православието и хуманоста.
Градоначалникот на Кавадарци изрази задоволство заради бајкерскиот викенд во градот на виното.
Во петок ќе ги пречекаат гостите од Македонија и повеќе балкански држави. Ќе пеат од Духовнот хор Хармониси ќе бидат запалени 12 факели и испукани 12 плутони во чест на 12 –те стрелани младинци.
Во сабота мотоџиите ќе направат дефиле низ Кавадарци. Организирана е  забава, рок концерт на Мизар, Лабаво Лавабо, Брчки, Д,рти сајд, Бак дорс бенд.
Неделата е организрано положување цвеќе на споменикот и литургија на отец Ангел од црквата Свети Димитрија.
Претседателот на клубот, Ленин Јовановски изјави дека Кавадарци ќе има бајкерски викенд на една од најголемите балкански организации ,се заблагодари на подршката на градоначалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top