Голем пожар вечерва се случи во населбата Кисела Вода на булеварот Борис Трајковски каде што се запалил сервис за автомобили како и плац за градежен материјал кој бил веднаш до сервисот.
Од против пожарната единица во Скопје информираат дека е причинета само материјална штета и нема повредени лица, а во моментов нивни екипи работат на расчистување на теренот.
Во гаснењето на пожарот учествувале 8 пожарникарски возила и 12 пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.