Од продажбата на алкохол ќе се полни и здравствената каса. Од 13 јули 1 денар од литар пиво и 40 денари од чист алкохол ќе завршуваат во Министерството за здравство. Очекувањата на министерот Тодоров се годишно да добиваат од 250 до 300 милиони денари. Парите ќе ги наменат за трансплантации, кардиоваскуларни заболувања и останатите превентивни програми.
-Ова се сериозни пари кои ќе одат за јавното здравје. И тоа само од алкохол. И сите ќе бидат за превентивните програми. Ќе ги зголемиме парите за трансплантации, програмата за јавн оздравје, за мајки и деца…така функционира и светот, вели Никола Тодоров министер за здравство.
Со парите што ќе ги добие од алкохолот министерството ќе ги исплати и долговите кон установите во делот на превентивни програми. Оваа новина е содржана во измените на Законот за здравствена заштита кои поминаа на Собрание
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



