| четврток, 6 декември 2018 |

Велешани го знаат вистинското лице на Аце Коцевски, тендераш и криминоген функционер на СДСМ

На 15-ти октомври сите Велешани ќе бидат исправени пред еден многу важен избор. Граѓаните ќе одлучуваат по кој пат треба да се движи Велес во наредните четири години – патот по кој Велес ќе продолжи да оди напред или патот кој води назад во минатото, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На само четири дена пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори сите граѓани веќе добро знаат кои се кандидатите за градоначалник на Велес. Знаат кој е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и знаат кој е кандидатот на СДСМ. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со господинот Славчо Чадиев – актуелниот градоначалник кој во изминатите 4 години покажа дека знае да работи, дека знае да се носи со предизвиците, да решава крупни проблеми и човек кој стои на зборот даден пред избори и збор запишан во изборната програма.

– Додека ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излегува со Славчо Чадиев, СДСМ пред Велешани излегува со Аце Коцевски – вечниот кандидат за градоначалник, кандидат кој го предлагаат цели 17 години – кандидат на изборите во 2000, во 2005, 2009, 2013 и сега повторно во 2017 година. Велешани многу добро знаат кој е Аце Коцевски. Нема политичар кој имал толку можности да направи нешто за подобар Велес колку што за тоа имал Аце Коцевски. Тој непрекинати 15 години, од 1994 година, па се до 2009 година, беше на високи позиции. Беше пратеник, беше функционер во извршната власт и потоа градоначалник. Тој, од позицијата градоначалник, имаше можност во два мандати, цели 9 години, да направи нешто корисно за градот.

– Наместо тоа, тој имаше скромни резултати, а во некои области важни за животот и егзитенцијата на граѓаните поразителни. Пример, во 2000 година кога за прв пат му беше дадена довербата, бројот на невработени лица во градот беше 11.197. Во 2004 година, после само еден мандат, бројката на невработени беше близу 17 илјади. Тоа е најцрниот рекорд на невработени лица во Велес. Во тие девет години додека Коцевски беше градоначалник, во Велес не се отвори ниту една нова фабрика, а се затворија десетици. Им ветуваше на вработените во Колска дека француска компанија ќе ја купи фабриката, истакна Јордан Витанов од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top