| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна врска причина за синоќешните пукотници во Зелениково

Доцна синоќа во 00.05 часот во с.Смесница, општина Зелениково, поради љубовна врска дошло до караница и тепачка меѓу членови од две фамилии, во која Д.К. и В.К. од пиштоли стрелале кон Џ.Д. (30) и Ф.Д. (25).

Како што информира МВР, Џ.Д. се здобил со две прострелни рани во пределот на градниот кош, а Ф.Д. со една, исто така, во  пределот на градниот кош. Истите биле пренесени и задржани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.К. и В.К. и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top