| четврток, 6 декември 2018 |

Велешани знаат кој е вистинскиот избор: Чадиев покажа дека знае да работи, Коцевски е проверено промашување

На 15-ти октомври сите Велешани ќе бидат исправени пред еден многу важен избор. Граѓаните ќе одлучуваат по кој пат треба да се движи Велес во наредните четири години – патот по кој Велес ќе продолжи да оди напред или патот кој води назад во минатото, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес, на само четири дена пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори сите граѓани веќе добро знаат кои се кандидатите за градоначалник на Велес. Знаат кој е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и знаат кој е кандидатот на СДСМ. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со господинот Славчо Чадиев – актуелниот градоначалник кој во изминатите 4 години покажа дека знае да работи, дека знае да се носи со предизвиците, да решава крупни проблеми и човек кој стои на зборот даден пред избори и збор запишан во изборната програма. Додека ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излегува со Славчо Чадиев, СДСМ пред Велешани излегува со Аце Коцевски – вечниот кандидат за градоначалник, кандидат кој го предлагаат цели 17 години – кандидат на изборите во 2000, во 2005, 2009, 2013 и сега повторно во 2017 година. Велешани многу добро знаат кој е Аце Коцевски. Нема политичар кој имал толку можности да направи нешто за подобар Велес колку што за тоа имал Аце Коцевски. Тој непрекинати 15 години, од 1994 година, па се до 2009 година, беше на високи позиции. Беше пратеник, беше функционер во извршната власт и потоа градоначалник. Тој, од позицијата градоначалник, имаше можност во два мандати, цели 9 години, да направи нешто корисно за градот. Наместо тоа, тој имаше скромни резултати, а во некои области важни за животот и егзитенцијата на граѓаните поразителни. Пример, во 2000 година кога за прв пат му беше дадена довербата, бројот на невработени лица во градот беше 11.197. Во 2004 година, после само еден мандат, бројката на невработени беше близу 17 илјади. Тоа е најцрниот рекорд на невработени лица во Велес. Во тие девет години додека Коцевски беше градоначалник, во Велес не се отвори ниту една нова фабрика, а се затворија десетици. Им ветуваше на вработените во Колска дека француска компанија ќе ја купи фабриката, истакнува Јордан Витанов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека Велес немаше редовно вода за пиење. Секое лето имаше рестрикции, а жителите во високите зони имаа секојдневен проблем со водоснабдувањето.

– Сметките за вода за пиење се зголемија за 210 проценти. Понатаму, во време на неговото владеење го задолжи Велес со МЕАП кредит со кој требаше да се заменат сите азбестни водоводни цевки во градот. Но не само што тоа не го направи, туку се уште стојат сомнежи поврзани со трошењето на овие средства. Кредитот МЕАП што се зема во времето на Аце Коцевски го отплаќаше градот сѐ до 2015 година – цели 7 години по неговото заминување од функцијата градоначалник. Потрошени беа милиони, а Аце Коцевски се уште не одговори на сомнежите околу трошењето на овие пари. Уште еден пример е проблемот со свлечиштето Рамина. Ветуваше дека ќе го реши, а потоа бегаше и тврдеше дека не е негова надлежност. На луѓето од Рамина им се рушеа куќите и половина град беше во опасност од хуманитарна катастрофа, а тој бегаше, се правдаше и се прогласи за ненадлежен. Внимавајте, половина град му се руши на градоначалникот, а тој се прогласи за ненадлежен. Не сакаше да одвои ниту еден денар од буџетот на општината за да се помогне на луѓето. Парите му беа потребни за шминкање на фасадите. Во мандатот на Коцевски училиштата беа целосно заборавени. Не се реконструираше ниту едно единствено училиште.        Граѓаните на Велес не му ги забораваат лажните ветувања за булевар, за театар, и тоа дека целосно ја заборави левата страна од градот, без ниту еден единствен реализиран проект. Коцевски ќе остане запаметен и како градоначалник на Велес кој не ги почитуваше законите за градежна постапка и градеше дивоградби. Но, истовремено, додека тој градеше дивоградби не се воздржуваше да ги урива привремените бараки на занаетчиите во кои десетина наши сограѓани вадеа парче леб за своите фамилии. Ете тоа е вечниот кандидат за градоначалник на СДСМ, Аце Коцевски. Граѓаните многу добро го познаваат. Знаат точно што направи и особено што не направи за своите 9 години поминати на функцијата градоначалник. И затоа во два изборни циклуси по ред не му дадоа доверба. И со право.  Велешани и во 2017 година точно знаат кому да му ја дадат довербата да го води градот напред. Тоа сигурно не е Аце Коцевски, заклучи Витанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top