Икигаи е стар јапонски концет кој води кон среќата во животот. Во него се собрани четири квалитети на животот – она што човекот го сака, она во што е добар, што му е потребно на светот и за што може да бидеме платени.
Икигаи, на еден начин е антитеза на „хигеа“ – скандинавска наука за уживање во моментите кои навистина нешто значат. Претставува тежнеење кон пронаоѓање на целта во животот и е еквивалент на француската „причина за постоење“ односно „Raison d’être”.
Оваа идеја најчесто ја усвојуваат лица кои се несреќни на работа и лица кои се во пензија.
Зборот „Икигаи“ е составен од јапонскиот знак „ики“ што значи живот и знакот „каи“ што значи резултат на одредена акција. Значи, според овој концепт е потребно луѓето да го живеат животот искрено и да ја пронајдат својата цел. „Индепендент“ пишува дека различни студии покажале дека губењето на целта во животот може да има штетни и сериозни последици.
– Луѓето мора да ја пополнат празнината меѓу круговите кои ја покриваат мотивацијата, исполнителноста, заработката и она што го прави нивниот живот поубав. Одговорот е во центарот и претставува клуч за долг и среќен живот, без разлика дали некој чисти станови или ги поседува – открива овој концепт.
Жителите на јапонското село Огими кои имаат неверојатно долг животен век се доказ дека икигаи делува. Тие среќата ја пронашле во едноставни работи и старински вредности.
Тајната е во тоа да бидете во движење, да бидете оптимисти и да барате што е можно повеќе позитивни работи, потполно да се посветите на активностите кои ги обавувате, да одвоите време за себе и за своето семејство и да го славите животот барајќи го доброто во луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.