Скандинавците важат за најкултурен и најсреќен народ во целиот свет. Која е тајната на нивниот среќен живот? За среќен живот тие се водат по овие принципи:
1. Скромноста и почитта кон другите
Во овие земји важат следните правила:
Не мисли дека си нешто посебно.
Не мисли дека можеш да ја мериш добрината со другите.
Не си толку паметен колку што мислиш.
Не смееш да се убедуваш себеси дека си подобар отколку другите.
Не знаеш повеќе од сите останати.
Не си поважен од сите останати.
Не смееш да мислиш дека си одличен во сè.
Не ти е дозволено да им се смееш на другите.
Немој да мислиш дека сите ќе се грижат за тебе.
Немој ниту да мислиш дека ти можеш да ги учиш другите.
Колку и да се груби, овие закони им помагаат на Скандинавците да воспостават еден скромен, а сепак пријателски живот и однос со другите луѓе во животот.
2. Балас меѓу работата и семејството
Скандинавците ја почитуваат важноста на семејството. Повеќето канцеларии се затвораат во 5 часот. Данците на пример, никогаш не работат прекувремено. Во Шведска, некои компании отидоа чекор понапред и го скратија работното време на 6 часа.
3. Собирите на семејството се извор на среќа
Се работи за собири во кои уживате во едноставните работи заедно со семејството. Пример, ладните ноќи ги поминуваат удобно облечени, покрај каминот, со вкусна храна и пијалаци, а веројатно и со многу свеќи наоколу. Сметаат дека сè е во комфорот, поддршката и вниманието кое го посветувате на блиските и саканите.
4. Реални очекувања
Ова е веројатно најважниот клуч за среќен живот – престанете да се оптоварувате со нереални амбиции. Ќе се изненадите колку среќа може да предизвикаат ситниците. Споредувањето со другите, исто така не ви е од корист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.