На вратата на една градинка на Запад била закачена една порака на сите родители кои доаѓаат по своите деца. Можеби би можела таа да се примени и кај нас. Воспитувачите во градинките сигурно секојдневно гледаат такви ситуации и се воздржуваат од коментари, а можеби родителите ќе се свестат и ќе претстанат да го прават тоа.
„Дојдовте по своето дете. Остајте го телефонот! Детето ве чека цел ден да дојдете по него и среќно е што конечно ве гледа. Дали вие сте среќни што го гледате него? Секој ден гледаме деца кои на родителите се обидуваат да им покажат што направиле денес во градинка, а родителот не го тргнува погледот од телефонот! Гледаме деца кои им трчаат во пресрет на своите мајки и викаат: мамо, мамо! а мајката не го симнува погледот од телефонот! Тоа е ужасно! Затоа, оставете го телефонот!“ пишува во пораката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.