Четири лица од прилепско се повредени во сообраќајката која вечерва се случи на патот Градско-Прилеп кај кавадаречкото село Фариш.
Како што соопшти Лиза Бендевска од МВР во сообраќајката учествувале три возила, пренесува „Плусинфо“.
Доктор Антоан Паракеов од Брза помош при Здравствен дом Кавадарци информирал дека три лица се упатени на одделението за хирургија при кавадаречката болница. Хирургот Благоја Митев соопшти дека едно од лицата е пуштено на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.