Тој е висок со темна коса и неверојтано личи на принцот Вилијам, но неговиот наводен полубрат е се, само не дел од кралското семејство. Роден е и израснал во Канада, во светот со милји далеку од кралскиот живот во Бакингамската палата. Станува збор за Џејсон Џенкинс, 34 годишник кој е роден 9 месеци откако неговата мајка, поранешна канадска поручничка Џенет, за време на незаштитен секс, затруднела со принцот Чарлс во Хајгроув, за време на неговиот брак со Дајана.
-Бев љубовница на Чарлс полни 16 години-открила Џенет за американското списание Д глоб. Објаснува како тоа била романса на далечина, а кога би се виделе се се сведувало на секс.
Џенет која денска има 70 години живее во Торонто и наводно не сака ни да признае ни да демантира дека принцот Чарлс е татко на нејзиниот син Џејсон, велејќи дека тоа не е нејзина работа, но палатата секако ја увидела опасност во целата работа и се труди со години скандалот да го држи во тајност.
Близок пријател на Џенет открил дека целата работа нема да биде решена додека Чарлс не се согласи на тест за татковство, но за се доволно зборува фактот дека синот на Џенет е плукната копија на принцот Вилијам, па секој кој го видел заклучил дека се браќа.
Се чини дека принцот Чарлс не ја признава целата приказна и обвинува дека станува збор за подметнување, додека неговата жена и долгогодишна љубовница Камила сака да направи ДНК тест како еднаш засекогаш би се разрешил сомнежот и тврдењето дека тој има вонбрачно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.