| четврток, 6 декември 2018 |

Чарлс водел лоша кампања против Дијана, како би ја зголемил популарноста на Камила

Поранешниот генерален секретар на принцезата Дијана посочил увид во долгогодишната кампања на принцот Чарлс која што имала за цел да ја зголеми популарноста на војвотката од Корнвел, Камила.

Патрик Џефсон, бележи австралискиот сајт „9њуз“, служел како приватен секретар на британската принцеза скоро осум години, а сега излегол на „Тудеј шоу“ и дискутирал за нејзиниот живот.

Тој раскажал за средбата на Дијана во 1986 година со Камила, која во тоа време имала афера со принцот од Велс.

– Таа мене ми рече дека се конфронтирала со Камила на забава и дека имала храброст да и каже да го остави на раат нејзиниот сопруг. Одговорот кој го добила, за жал, без сомнение укажувал дека нејзиниот брак е при крај. Таа не можела да направи ништо повеќе – раскажал Џефсон.

Тој рекол и дека во тоа време течела кампања за зголемување на репутацијата на војвотката од Корнвел во очите на јавноста, откако се дознало за нејзината афера со принцот Чарлс.

– Не беше палатата, туку советници на принцот Чарлс кои во текот на годините создаваа систематска, одржлива и скапа кампања за рехабилитација на репутацијата на Камила и ја правеа погодна за следна кралица. Се разбира, ова е поврзано со прилично лоша кампања за објавување лажна психијатриска дијагноза дека принцезата Дијана има нарушување на личноста.

Ова веројатно го чинело принцот многу пари, плаќајќи за ПР спин доктори. Мислам дека тоа, исто така, покренува етички прашалници во однос на методите што ги користеле – објаснил Патрик Џефсон.

Тој додал дека и покрај контроверзната врска на принцот Чарлс со Камила, тоа немало да има влијание врз неговата улога како иден крал на Англија.

– Тоа не е натпревар за популарност. Принцот Чарлс ќе биде крал, а Камила ќе биде кралица. Тоа не се става на гласање. Она што го знаеме е дека принцот има свои поддржувачи и клеветници… Некои луѓе ќе бидат задоволни, други ќе бидат разочарани. Тој ја опиша својата улога како „субверзивен”… ќе му биде тешко да стане симбол на единство, кое традиционално е целта на монархот – посочил уште Патрик Џефсон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top