| четврток, 6 декември 2018 |

Чилиманов: На локалните ќе гласаме дали сакаме ширење на бандитизам, „Заевизам“ и „Чаушизам“

 СДС ги пуштаат Красниќи и Бајруш Сејдиу од затвор, во Ѓорче сакаат да газдуваат преку Близнаците, Верушевски му е советник за безбедност на Црпнатиот, видовме како некој тип што се одзива на името Чауш им е главен за медиумски подметнувања, пишува новинарот Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил.

– Ветуваат пуштање на терористите од Смиљковско и од Диво Насеље, а дури и најдолните, најмизерните типови што ги имаат отворено предизвикуваат луѓе на физички пресметки и се закануваат со кратки деветки. Овој тип на уличарство, бандитизам ирекетарство веќе подолго време е разработен и владее во делови на Скопје и на Македонија. И Македонците и Албанците и сите други кои живеат таму, бегаат што можат подалеку, во потрага по безбеден, нормален живот, некои внатрешно, а некои надвор од земјата. На изборите што доаѓаат, гласаме за тоа дали сакаме овој вид на бандитизам, Заевизам, Чаушизам, како сакате викајте го, да се прошири на поголем дел од Скопје и Македонија, или ќе смогнеме сили да го сузбиеме. Гласаме дали сакаме на Пазар3 да имаме повеќе огласи како овие лево, или повеќе огласи како овие десно.

 
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top