| четврток, 6 декември 2018 |

Стинг ќе ја дели сцената во „Борис Трајковски“ со синот Џо Самнер

На 15 октомври легендата на светската рок- сцена, Стинг на концертот во ВИП арената „Борис  Трајковски“ покрај останатите соработници, сцената ќе ја дели со синот Џо Самнер.

Џон е син на Стинг (Гордон Самнер) од врската  со ирската актерка Френсис Томелти и со музика почнал да се занимава во тинејџерските години, свирејќи на гитара и тапани, инспириран од албумот „Nevermind“на групата „Нирвана“.

По неколку години го формирал бендот „Fiction Plane“ кој зад себе има шест студиски албуми, а последните пет години Џо работи на својата соло- кариера, како и на својата мобилна апликација Vyclone.

Минатиот викенд Стинг настапи во Софија и во Белград, пред вкупно 30 илјади публика, а концертот во Скопје е  целосно распродаден уште од првиот продажен ден, и тоа за рекордно време, односно за нецели десет часа откако билетите беа официјално пуштени во продажба, информираат од Авалон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top