Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Делчево, Иван Соколов вчера имаше средба со неговите поддржувачи и активисти во штабот на паријата каде беше пречекан од огромен број на луѓе кои му изразија безрезервна поддршка во пресрет на престојните локални избори.
Партиските простории на ВМРО во Делчево беа претесни за да ги соберат сите граѓани кои вчера сакаа и официјално да му честитаат на Соколов на кандидатурата и да му порачаат дека ја има нивната поддршка.
– Целта е на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ не само да победи, туку да прегази. На тој начин ќе докажеме дека тој злостор што ни го направија пред неколку месеци е неправеден, истакна Соколов во своето обраќање пред граѓаните.
– Ние влегуваме во оваа кампања обедитени како никогаш до сега и ќе ја направиме најголемата победа што некогаш ВМРО-ДПМНЕ ја имало во Делчево, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.