Дваесет и пет годишната скопјанка Е.П. се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17:30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучката за Камењане.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале три возила, „Голф“ со косовски ознаки управуван од У.Е. (49) од Косово, „Мерцедес“ со скопски таблички кој го управувал 31 годишниот Д.Ѓ. од скопско Стајковци и теренско возило „Мерцедес“ со тетовски ознаки управувано од тетовецот Ш.Р. (28).
Девојката, која била сопатничка во автомобилот „Мерцедес“ се здобила со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската болница, итно е пренесена во Ургентниот центар во Скопје каде се наоѓа надвор од животна опасност.
Возачот на Мерцедесот минал со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.