| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоко Јовиќ објави две песни: „Ти предавам се“ и „За љубов, за сила“ (видео)

Еден од најдобрите машки вокали во земјава, познатиот Ѓоко Јовиќ од „Енерџи бенд“ на своите социјални мрежи ги објави двете нови песни каде се опева Господ Исус Христос.
Всушност ова е само дел од албумот на кој ќе се најдат десетина песни посветени на Господ Исус и христијанската религија.
Двете нови песни носат наслов „Ти предавам се“ и „За љубов, за сила“ и веќе наидоа на многу позитивни реакции од публиката.
– Имаме уште неколку слични песни, кои наскоро треба да бидат спакувани во албум. Но, покрај овој албум, паралено се работи и на тој со забавни песни, за кој се надевам ќе го објавам за многу кратко време – вели Ѓоко.


И двата албуми веќе ќе беа готови, меѓутоа поради набиената агенда од настапи, Ѓоко и неговиот „Енерџи бенд“, беа приморани да ги поместат рокови за нивно издавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top