Славната „куќа шајка“ која неверојатни 14 годни го блокираше сообраќајот на една широка улица во Шангај, конечно е урната, објави Би-би-си. Газдите на куќата од 2003 година до денес упорно ја одбивале секоја понуда за да се иселат, зашто, како што велеле, понудената компензација била прениска. На крајот, годинава се согласиле на 2,7 милиони јуани, околу 412.000 долари.
Во Кина има многу вакви куќи, чии сопственици одбиваат да ги продадат па остануваат заробени меѓу автопатиштата и високите новоградби во брзорастечките кинески градови.
Оваа куќа блокрираше улица со четири ленти. На тоа место улицата беше стеснета на две лентиКинеските државни медиуми објавија дека куќата била урната ноќе за час и половина.
A famous Shanghai “nail house” that has been blocking traffic on a wide road for 14 years has been demolished https://t.co/v0K0luUAJB pic.twitter.com/wwXapySpSe
— delcrookes (@hairydel) September 18, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.