Aктуелениот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов градоначалнички мандат. Трајковски досега во два мандати ја извршуваше градоначалничката функција во скопската општина.
Во изминатиот период одличната соработка на локалната власт со владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со одличната соработка на градоначалникот на градот Скопје успеавме да реализираме голем дел на проекти, изјави Трајковски на една од панел дискусиите кои ги организираше ВМРО ДПМНЕ.
-Со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализиравме посебни и значајни проекти кои што за жал последните 30, 40 години не беа реализирани на територија на општина Гази Баба. Главен акцент ставивме на рамномерниот развој во секое населено место, без разлика дали е во руралниот или во урбаниот крај. Нашите дела се видливи и верувам дека секој граѓанин тоа го почитува и затоа довербата во општина Гази Баба ја добива ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, рече Трајковски.
Тој напомена дека паралелно во Гази Баба се работело на многу проекти, а во делот на патната и комуналната инфраструктура биле реконструирани и асфалтирани многу улици.
-Благодарение на брзата наша интервенција на локалната самоуправа, градот Скопје како и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеавме брзо да го нормализираме животот и во делот кои беше опфатен од големата поплава во месец август. Во тој период со заеднички ангажмани успеавме да работиме деноноќно, за да се нормализира животот и околу 30 километри улици беа асфалтирани со тампон, а заедно со владата и градот успеавме да асфалтираме околу 60 улици. Во делот на комуналната и фекалната канализација се изгради нова фекална и атмосферска канализација со должина од околу 20 илјади метри, а сето тоа беше со поддршка од владата и градот Скопје, потенцираше Трајковски.
Трајковски е роден 1973 година во Скопје. Дипломирал на Машинскиот факултет во 2001 година во Скопје. Од 2001 – 2003 година вработен во АД “ ЕСМ” – Скопје на позиција одговорен инженер а подоцна раководител на одделение. Во периодот од 2003–2005 година е вработен во NDI (National Democratic Institute) на позиција асистент во Собранието на Република Македонија во канцеларијата за комуникација со граѓани. Во тој период активно учествува на голем број обуки, семинари и работилници организирани од страна на NDI, Американската Амбасада, Собранието на Република Македонија, во насока на подобрување на парламентарната демократија.
Во 2007 година се вработува во АД „ЕЛЕМ“ – Подружница Енергетика – Скопје, како одговорен инжинер за развој и инвестиции, а подоцна ја извршува функцијата Директор на Подружницата.
Во 2005 година е избран за советник во Советот на Општина Гази Баба, а по овластување на градоначалникот до 07.07.2008 ја извршува функцијата заменик Градоначалник. Од 07.07.2008 е избран за Претседател во Советот на Општина Гази Баба. Од април 2009 година до април 2013 година Градоначалник на Општина Гази Баба
Од април 2013 година, втор мандат Градоначалник на Општина Гази Баба. Член на Управен одбор на ЗЕЛС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.