| четврток, 6 декември 2018 |

Слушнете ја новата песна на Тоше Проески

Новата песна на Тоше Проески, со наслов Све је ово премало за крај, снимена во 2006-та година, веќе можат да ја слушнат неговите фанови.

Песната е на Јелена Трифуновиќ, а за аранжманот на Никша Братош. Тоше снимил само една строфа од песната и тоа во домашното студио додека самиот свирел на клавир. Дури на снимката се слуша и лаеж на куче, бидејќи прозорецот бил отворен. Сепак успеале да ја пречистат и да ја снимат песната за која се смета дека е последната која Тоше ја отпеал.

Песната Све је ово премало за крај е дел од новата the best of компилација на Тоше, која излегува на денот кога тој е роден – 25-ти јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top