Германија нема да има друг избор освен да ги заостри економските односи со Турција за да ја натера да ги ослободи германските државјани, кои се затворени во оваа земја од политички причини, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– Ќе мораме дополнително да ја намалиме економската соработка со Турција и да ги проучиме проектите, истана германската канцеларка во интервју за дневниот весник „Пасауер ноје пресе“, пренесоа британските медиуми.
Германските претставници се гневни бидејќи Турција уапси десетина германски државјани од, како што се наведува, политички причини. Најновите медиумски извештаи пристигнуваат во момент кога максимално се затегнати односите меѓу двата партнера во рамки на НАТО, а германски претставници се закануваат дека ќе ја ограничат продажбата на оружје за Турција. Анкара смета дека овој потег ќе ја загрози нивната заедничка борба против Исламска држава, заклучуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.