| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашите градоначалници ги чека тешка задача, за секоја општина ќе имаме посебна програма и концепт за развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“, се обрати до кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја имаат одговорноста да го спроведат она што го има во програмите на ВМРО-ДПМЕ.

– Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте го она што се сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше „Бидете промента која сакате да ја видите“. Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, граѓаните со нас се на сигурно, порача Груевски.

Тој напомена дека нивните противници ќе ветуваат чуда и волшебни решенија, бидејќи тие немаат друг избор. И тие немаат образ да останат на зборот, и тоа го покажаа во минатото безброј пати, а во последните три месеци триесет пати го сменија зборот, го погазија кажаното, се демантираа, потенцираше Груевски.

– Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е, и уште поважно народот знае кој држи до зборот а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. Ние оставаме за нас да говорат делата, кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат, изјави Груевски.

Тој на кандидатите за градоначалници им порача дека ги чека тешка и одговорна работа.

– За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено. Приоритет ќе биде развој на локалната економија. Поддршка на компаниите и овозможување на подобри услови за стопанисување. Зајакнување и формирање на повеќе индустриски зони кои ќе обезбедат повеќе приходи и повеќе работа за луѓето, тоа одлично тргна во претходниот мандат треба да продолжи. Секоја општина која што ја нема треба да ја создаде индустриската зона, секоја општина која што ја има, а се веќе распродадени локациите, треба или да ја прошири или да формира нова индустриска зона. Затоа што тоа е основната работа која што е потребна на граѓаните на Република Македонија, нови работни места, кои не може да ги има ако еден градоначалник не обезбеди обезбеди услови во инфустриска зона, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top