Аца Лукас брзо го преброди разводот со Соња, но и раскинувањето со Бранислава Пашајлија, па пронајде нова девојка, сосема поразлична од другите.
Во прашање е Дара Марјановиќ, заносна бринета од Белград.
-Аца и Дара се познаваат долго и имаат многу заеднички пријатели. Секогаш му се допаѓала, но беше женет, па не сакаше ништо да се обиде.Кога се се заврши со Соња, Лукас ја сретна Дара на некоја прослава и цела ноќ разговараа-изјавил извор близок на пејачот и додал:
-Тој одлепи по Дара. Таа не е неизживеана како Бранислава, се познаваат со години, знае дека Дара е пред се добра пријателка. Засега им е убаво. Дара му беше голема поддршка на Лукас за време на драмата која ја имаше неодамна додека не беше во контакт со ќерка му Викторија.
Како би докажала дека не е од оние кои го бркаат Аца заради неговата популарност и пари, Дара неодамна му подарила Луј Витон машка чанта, што го воодушевило. Соседите на Лукас од Дедиње рекле дека секси бринетата со големи гради ја гледале како влегува и излегува од неговиот стан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.