| четврток, 6 декември 2018 |

Пред и потоа-после „Ирма“ Карибите не се веќе зелени!

 
Американската агенција за истражување на вселената објави фотографии кои сведочат за последиците кои ураганот Ирма ги остави врз Карибите, каде во голема мерка е уништен растителниот свет. Ураганот корнеше дрва и се останато, така да некои карписки острови го променија и изгледот и бојата – некогаш зелените острови со бујна вегетација станаа кафени.
НАСА објави слики на кои се гледа разликата во изгледот на островот пред и по ураганот пренесува  Бизнис инсајдер.
Карибите, како што се наведува, станале кафени, бидејќи останала само земјата, растенијата се откорнати од корен, а гранките и листовие останале исушени на површината.
Сателитот „Landsat 8“ги сними Девствените острови каде океанот сега и посветол и поплав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top