Актуелниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за Битола. Илиоски е дипломиран електротехнички инженер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско, стои во партиското соопштение.
Илиоски како пратеник е претседател на Комисијата за избор и именување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, а по професија електротехнички инженер.
Во Собранието на Република Македонија, Илиоски го исполнува следниве активности: Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член; Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, претседател; Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател; Комисија за локална самоуправа, член; Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член; Комисија за уставни прашања, заменик-член; Комисија за економски прашања, заменик-член; Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член; Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, претседател; Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член; Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член.
-Ние како партија стоиме цврсто на позициите дека Македонија пред се, треба да биде унитарна држава, таа е самостојна, независна и суеверна држава, меѓутоа само преку унитарноста може да се оди напред и да се допринесе за подобар живот на сопствените граѓани, истакна Зоран Илиоски во една телевизиска емисија.
Тој додаде дека секое друго редефинирање на таа ситуација ќе предизвика нестабилност на државата, несигурност кај граѓаните, а при тоа и непотребно губење на време и енергија за нешто кое нема да даде резултат.
-Во Уставот е запишана унитарноста на државата, и ние како партија цврсто стоиме на таа позиција и немаме намера да остапиме. Сметаме дека тоа е темел на една држава, а ако темелот се помести тогаш сите ние ќе имаме проблем, вели Илиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиоски: Грижата за младите ќе ја покажеме со конкретни мерки и нови работни места во Битола
-
Илиоски: Три нови кружни текови и велосипедски патеки за побезбедно движење во Битола
-
СДС сака да испрати порака до цело прaвосудство – мора да се слуша Заев, во спротивно сите ќе бидат разрешени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ги врати пасошите на лицата опфатени во предметите на СЈО