Возач на мотоцикл е потешко повреден, а пет лица се здобиле со полесни повреди во шест од 17 сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 19 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Затекнати се 59 непрописно паркирани возила. Санкционирани се и двајца пешаци и двајца возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои сториле прекршоци по разни основи. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 76 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот