Клучното прашање за сите германски политичари е која тема од предизборната борба ќе биде актуелна за гласачките за конечно да се утврди во корист на една или друга политичка сила.
Тоа најверојатно ќе биде темата за мигрантите. Да не заборавиме дека во денешна Германија 20 проценти од населението веќе е со миграциско потекло, пишува Олег Никифоров, “Независимаја газета”.
Проблемот се дискутира нашироко и во политичките партии, и во здруженијата на самите мигранти, особено меѓу најорганизираните – германските Турци.
Од гледиште на турската заедница, која има и правен статус како “Турска заедница во Германија” (ТОГ), земјата треба на законодавно ниво да воведе квоти за мигранти во сите политички партии.
Така мигрантите ќе можат да влијаат врз политиката и изработката на закони. Бидејќи денес процентот на пратениците со мигрантско минато во Бундестагот не надминува 3 до 5 отсто.
Според анкетите, спроведени од ТОГ, против идејата се единствено демохристијаните, либералите и деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АзГ). Јасно е дека на претстојните избори овие партии најверојатно нема да ги добијат гласовите на турскиот електорат.
Поинаку ќе гласа веројатно втората по големина заедница обединувала т. н. Руски Германци, а всушност сите емигрирале од поранешните советски републики. Според податоците на тајните служби во СРГ речиси сите тие гледаат руска телевизија и се под влијание од руската пропаганда. АЗГ активно се бори за нивните гласови и организира за нив предизборни програми на руски, вклучувајќи ги во нив рускојазичните активисти.
Главна тема на овие собири се критиките против миграциската политика на владејачките денеска во Берлин партии ХДЗ / ЦСУ и СПД. Неодамна, во овие критики се вклучија и функционери на партијата на Левите, кои постојано инсистираат на укинување на антируски санкции и е единствена меѓу партиите во Германија – за свикување на нова конференција за безбедност во Европа со учество на Русија.
Овие денови на пример германскиот “Билд” ја објави изјавата на Сара Вагенкнехт, раководител групата на Левите во Бундестагот дека миграциската криза предизвикана од политиката на владејачката коалиција, ги влошува социјалните проблеми во Германија.
Парламентарката на прво место го рангира недостигот на евтини станови и на работни места за нискоквалификуван персонал. Таа се плаши дека работната сила во лошо платените сектори од економијата наскоро ќе доведе до уште поевтина неквалификувана работна сила од Блискиот Исток. Според неа “политичарите лажат”, уверувајќи дека ќе се справи со проблемите кои ја зафатија земјата со бегалците.
Нешто повеќе, неодамна германската новинска агенција n-tv соопшти дека според податоците на германските тајни служби групата “Исламска држава” украла 11 000 сириски пасоши и ги снабдува со нив своите емисари кои ги испраќа во Германија.
Позицијата на политичките сили во моментов покажува дека во идниот Бундестаг освен ХДЗ / ЦСУ и СПД ќе влезат уште четири партии: Зелените, Левите, либералите и десните популисти, од кои секоја ќе собере горе-долу по 8-9 проценти од гласовите.
Колку се очекува христијандемократите заедно со “медицинска” партија – баварскиот ЦСУ, да добијат релативно мнозинство, нивна ќе биде и задачата да си одберат коалиционен партнер. Бидејќи Ангела Меркел, која очигледно ќе седне по четврти пат во канцлериската фотелја, и овој пат нема да помине без коалиција.
Во таква ситуација клучно ќе биде која партија и со каков резултат ќе го освои третото место. Лидерот на Сојуз 90 / Зелени Џем Оздемир истакна во интервју за берлинскиот во. “Тагесшпигел” дека Зелените под никакви услови нема да коалицираат со денешните либерали. Според него Слободната демократска партија (СвДП) не гледа доволно сериозно на борбата со климатските промени – а ова сега е топ тема во кампањата на германските “екологисти” – и за разлика од Зелените избегнува да ја критикува германската автомобилска индустрија поради штетните емисии. Според него либералот Кристијан Линднер наскоро ќе ги зголеми дозволените квоти карбонски диоксид отколку да дејствува строго спрема прекршителите.
Едвај сепак Зелените или либералите ќе успеав да соберат дваесетина проценти од гласовите, за да претставуваат самостоен интерес за ХДЗ / ЦСУ. А Меркел веќе изјави дека нема да преговара ниту со Левите ниту со Алтернатива за Германија, така што за неа останува како единствен можна варијанта СПД.
И тука сепак работите засега не се многу едноставни. Од една страна, претседателот на СПД Мартин Шулц ги обелодени во предизборните битки условите на социјалдемократите, за да се коалицираат со други партии. Меѓу нив гледаме откажување од воените трошоци на 2 проценти од БДП, за што се бори Меркел. Од друга страна, сепак очекуваниот изборен неуспех на СПД може да го принуди Шулц да поднесе оставка како претседател на партијата. Тогаш новиот партиски лидер ќе може лесно да се разбере со демохристијаните по сите спорни прашања.
Овие проблеми ќе се решаваат најверојатно на вонреден конгрес, кога СПД ќе разговара за резултатот од изборите на 24-ти септември и нова партиска стратегија во вакви услови.
Русија природно има интерес Германија да е стабилна, односно задржувањето на владејачката денешна коалиција ќе биде подобра опција за Москва.
извор:локално.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.