| четврток, 6 декември 2018 |

Големо отворање на „Воен базен“ во Аеродром

Реконструирање и санирање на коритото на базенот, реновирање на тоалетите, градење на нов угостителски објект, креирање ареи за различни целни групи, летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, аквабик, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите се само дел од содржините што ќе ги понуди новиот концесионер на отворениот базен во општина Аеродром. Според динамиката на реконструкцијата на базенот во општина Аеродром, в сабота е планирано отворање на базенот.

Покрај пливачките летни школи, трето доба посетители, аквабик групи, натпревари во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година реши да стави голем акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање детско игралиште за најмалите.

voen bazen aerodrom 2

Отворената сезона на базенот планирано е да трае до крајот на септември. Базенот ќе работи секој ден, со работно време од 8 часот наутро до 1 часот по полноќ. Целата програма на работење наскоро ќе можете да ја погледнете на веб-сајтот на базенот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top