| четврток, 6 декември 2018 |

Левица реагира на свесно и планско дестимулирање на малите играчи: До кога еден допис ќе биде појак од закон?

Членовите на Левица на фејсбук профилот реагираат на планското и свесно дестимулирање кое се врши кон нив и останатите мали партии.

-Два дена пред истекот на крајниот рок до поднесување листи за градоначалници и советници, стигнал некаков “допис“ од Министерство за правда до претседателите на судовите дека наместо уверенија од кривична, требало да се вадат уверенија од казнена евиденција!? Уверенијата се неопходен услов за поднесување на кандидатурите.

Оттука прашуваме, до кога еден ДОПИС ќе биде појак од ЗАКОН во Република Македонија?

Треба да се земе предвид финансиското оптеретување кое е потребно за вадење на сите овие документи, особено кога станува збор за помали политички партии. Станува збор за ИЛЈАДНИЦИ КАНДИДАТИ за советници ширум Македонија кои ќе немаат никаква шанса повторно да извадат ваков документ, бидејќи времето е кратко!

Има ли новинари, меѓународни одганизации и слично кои ќе го истражат случајот, особено ако се знае дека на минатите парламентарни избори се примаа и двете уверенија – при истиот Изборен законик!?

Сметаме дека ова е уште едно свесно и планско дестимулирање и кочење на помалите политички партии, се со цел во играта да останат само „големи“ и етаблирани играчи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top